Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да биде диктатор, освен првиот ден.
Според неговите изјави, има многу да се направи првиот ден во Белата куќа, пренесе АП.
Неговата листа вклучува иницирање масовни депортации на мигранти, менување на образовните политики на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, преобликување на федералната влада со отпуштање на потенцијално илјадници федерални вработени за кои верува дека тајно работат против него и помилување на лица уапсени за нивните улоги во немирите во Капитол Хил 6. јануари 2021 година, објави американската агенција.
– Сакам да ја затворам границата и сакам да дупчам, дупчам, дупчам (да го зголемам производството на нафта), рече тој за своите планови за првиот ден.
На прашањето од Фокс њуз колку извршни наредби ќе бидат издадени во првата недела, националниот секретар за печат на Трамп, Каролин Ливит, вчера рече дека ќе има десетици.
Покрај тоа, Трамп ќе направи да исчезнат повеќето од кривичните случаи што се покренати против него, барем федералните.