Трамп ги нарече лажни анкетите кои покажуваат пад на неговиот рејтинг

31

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ги критикуваше анкетите што покажуваат пад на неговиот рејтинг, нарекувајќи ги „лажни“ и наведувајќи дека тие треба да бидат „истражени“.

Трамп во објава на својата мрежа рече дека во анкетата на „Њујорк тајмс“ како и на „Еј-би-си њуз“, „Вашингтон пост“ и „Ипсос“ не биле анкетирани доволно негови избирачи, иако не понуди докази за тоа тврдење, пренесе Ен-би-си њуз.

Тој рече дека оние што ги спроведоа анкетите „треба да се истражат поради изборни измами“, наведувајќи дека тие се „негативни криминалци“ и „непријатели на народот“.

Со приближувањето на крајот на неговите 100 дена на фунцијата, популарноста на претседателот Трамп, опаѓа, односно мнозинството граѓани не ги поддржуваат неговите клучни иницијативи, а постои перцепција дека неговата администрација се обидува да избегне почитување на сојузните судови, покажува анкетата на „Вашигтон пост“, „Еј-би-си њуз“ и „Ипсос“, објавена во неделата.

Во анкеата, покрај останатото, како што пишува „Вашингон пост“, се наведува дека поддршката на Трамп е пониска од кој било претходен претседател на 100-дневната пресвртмица во првиот или вториот мандат.

Половината од Американците не се задоволни со работата на претседателот на земјата Доналд Трамп во текот на првите 100 дена од неговиот мандата, покажа друга анкета на Центарот за истражување на јавните работи на „Асошиејтерд пред и НОРК, објавена во саботата.

 

 

ИЗДВОЕНИ