Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот на Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергетиката и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на г-дин Доналд Џ. Трамп. Честитки за сите – следат уште многу победи“, наведе тој.
Според резултатите, Либерално-демократската партија (ФДП) и новооснованиот левичарски популистички сојуз Сахра Вагенкнехт не го минуваат изборниот праг, Унијата би можела да состави колиција со СПД, за што постојано се шпекулираше во текот на изборната кампања.
Во случај ФДП да влезе во 21 состав на Бундестагот, можна е коалиција на Унијата, СПД и ФДП, но и коалиција на Унијата, СПД и Зелените.
Фридрих Мерц во неколку наврати во текот на кампањата потенцираше дека соработката со АфД не доаѓа предвид.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.