„Недела со дедо“, објави на платформата „Х“ Каи Трамп, внуката на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, но она што најмногу го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи не е внуката на Трамп, туку фактот дека тоа беше ретка фотографија на која тој не е нашминкан.
На едната од приложените слики се Каи и Доналд Трамп дома, а на другата се гледаат на терен за голф во Флорида. И двајцата се насмеани широко и носат капи, а онаа на Трамп е секако со слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“ (MAGA – Make America Great Again – let’s make America great again).
Sundays with Grandpa pic.twitter.com/UfKdu0RJI7
— Kai Trump (@KaiTrumpGolfs) November 10, 2024
Она што најмногу привлече внимание на фотографиите кои ги објави внуката на Трамп е неговото лице, бидејќи изгледа дека конечно позирал без шминка. Корисниците на мрежата „Икс“ забележале и дека не користел средства за самопотемнување, поради што „го прави да не изгледа толку портокалово“, пишуваат некои.
– Значи, вака всушност изгледа кожата на Трамп – напишал еден корисник на „Х“.