Трамп формира тим кој треба да стави крај на војната во Украина

149
EPA-EFE/Greg Nash

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за крајот на војната во Украина, која влегува во третата година.

Трамп разговарал со двајцата претседатели како да се стави крај на конфликтот на истокот во Европа што е можно поскоро и како да се воспостави мир меѓу двете земји, а сега се знае кој го сочинува најблискиот тим на Трамп кој ќе ги претставува САД во овие преговори, пишува Sky News.

Трамп најави дека неговиот тим ќе се состои од четири лица. Станува збор за државниот секретар Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ретклиф, советникот за национална безбедност Мајкл Волц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Инаку, претстојниот викенд (14-16 февруари) се одржува Советот за безбедност во Минхен, каде Доналд Трамп требаше да му претстави на светот план за ставање крај на војната во Украина. Но, ова беше одложено за да може на преговарачка маса да се најдат и Европската унија и НАТО.

ИЗДВОЕНИ