Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека предложениот економски договор меѓу САД и Украина се уште е на маса, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба повеќе да ја „цени“ американската поддршка.
„Тоа е голема работа за нас, бидејќи знаете дека (поранешниот американски претседател Џозеф) Бајден многу, многу глупаво, искрено, даде 300 милијарди долари… на земјата да се бори и да се обиде да постигне нешто“, рече Трамп.
Запрашан што треба да направи Зеленски за да ги обнови преговорите, Трамп рече дека украинскиот лидер треба да изрази поголема благодарност за американската помош.
„Едноставно мислам дека треба да биде поблагодарен, бидејќи оваа земја беше со нив низ сето тоа. Ние им дадовме многу повеќе од Европа, а Европа требаше да даде повеќе од нас…“, рекол Трамп, пренесе Танјуг.
Тој наведе дека сè уште не разговарал дали САД ќе ја прекинат континуираната помош за Украина во нејзината војна против Русија.