Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика деловните лидери собрани на Светскиот економски форум во Давос да дојдат да произведуваат во Америка или ќе мора да плаќаат царини за да ги продаваат своите производи во САД.
„Мојата порака до сите бизниси во светот е едноставна – дојдете да ги направите вашите производи во Америка и ќе имате некои од најниските даноци во светот. „Но, ако не ги произведете во Соединетите држави, што е ваше право, тогаш, сосема едноставно, ќе мора да плаќате царина“, рече Трамп во говорот на интернет.
Во понеделникот, по враќањето во Белата куќа, американскиот претседател ја повтори својата намера да воведе царини на некои од главните трговски партнери на САД, имено, на Кина, но и на Канада и на Мексико, кои теоретски се заштитени со договорот за слободна трговија меѓу трите северни Американските земји.
За време на говорот, Трамп ги повика Саудиска Арабија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ги намалат цените на нафтата, велејќи дека тоа требало да се направи порано и дека би помогнало да се стави крај на војната во Украина.
Ќе побарам од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата и искрено сум изненаден што не го направија тоа пред изборите“, рече тој. „Да беше цената пониска, војната во Украина веднаш ќе завршеше“, додаде Трамп, пренесува Бета.