
Америнаскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони се сретнаа денеска во Вашингтон, каде што во пресрет на состанокот пред новинарите ја нагасија важноста од јакнење на односите меѓу САД и Италија и најавија потпишување на нов трговски договор, јавува Би-Би-Си.
Трамп истакна дека „ќе има трговски договор 100 проценти“ и го пофали Мелони како „одличен премиер и вистински светски лидер“. Мелони изрази уверување дека е можен договор, нагласувајќи ја важноста од искрен дијалог и заемно зајакнување на двете земји.
Главна тема на разговорот беше трговската политика, а Мелони најави дека ќе се обиде да спречи трговска војна меѓу САД и ЕУ и ќе го покани Трамп на средба со европските лидери во Италија.
Трамп рече дека САД немаат причина да се грижат за односите на нивниот сојузник со Кина и најави можност да склучат „многу добар договор“ со Пекинг.
Средбата меѓу Мелони и Трамп се смета за клучен момент за идните американско-европски односи, особено во светло на најавените американски царини за европските производи.