Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, го замрзна федералното финансирање во кое е вклучена и помош од 50 милиони долари наменети за дистрибуција на кондоми во Газа, според прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит.
-ДОГЕ и ОМБ, исто така, открија дека имало околу 50 милиони долари од даночните обврзници со кои требало да се финансира набавка на кондоми за Газа. Тоа е бесмислено трошење пари на даночните обврзници, рече таа и додаде дека средставта се блокрани непосредно рпед исплатата.
Кондомите во хуманитарна помош се користат за здравствени и репродуктивни цели. Меѓународната федерација за планирано родителство реагираше дека на Палестинците „систематски им се ускратува сексуалната и репродуктивната здравствена заштита и права“.
Но, замрзнувањето на средствата од администрацијата на Трамп сега е привремено блокирано од федерален судија.