Американскиот претседател Доналд Трамп побара да се отстрани неговиот „намерно искривен“ портрет кој виси во зградата на државниот Капитол во Колорадо.
„Никој не сака лоша слика или портрет од себе, но онаа во Колорадо, во државниот Капитол, која ја постави гувернерот заедно со сите други претседатели, намерно беше искривена до ниво што дури и јас, можеби, никогаш досега не сум го видел“, рече Трамп, додавајќи:
„Уметникот го насликал и претседателот Обама, и тој изгледа прекрасно, но тој е навистина најлош. Таа сигурно го изгубила својот талент додека стареела“, рекол Трамп.
Американскиот претседател рече дека повеќе би сакал воопшто да нема портрет отколку да го обесат тој што го поставиле и додаде дека многу жители на оваа сојузна држава ги повикале властите барајќи портретот да биде заменет или отстранет.
Donald Trump is currently having a meltdown over this portrait. Please don’t share it #donaldtrump #portrait pic.twitter.com/nblbYYMIc2
— Master_Blaster (@MBlaster1000) March 24, 2025