На повидок е хаос во целата индустрија. Еврокомесарката за животна средина, Џесика Розвал, најави дека Европската комисија има намера да предложи забрана за употреба на PFAS, или „трајни хемикалии“ во производи за широка потрошувачка, со исклучоци за клучните индустриски намени. PFAS или перфлуороалкил и полифлуороалкил супстанции, не се распаѓаат во животната средина, што предизвикува загриженост за последиците од нивната акумулација во еко-системите, водата за пиење и човечкото тело, пренесе „Ројтерс“.
Тие се користат во илјадници предмети, од козметика до тефлонски тави, авиони и турбини на ветер, поради нивната отпорност на екстремни температури и корозија. Данска, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска ја поддржуваат забраната уште пред речиси две години, но Розвал рече дека предлогот на ЕУ веројатно нема да биде обединет пред следната година, бидејќи се предвидени „значителни“ исклучоци.
– Инхалаторите за астма и полупроводниците што се користат во зелените технологии, како што се електричните возила, се некои од потенцијалните „суштински“ употреби – истакна таа, иако и тие ќе се соочат со ограничувања, вклучително и како се отстрануваат.