Трагично заврши потрагата по Лидија од Јурумлери: Телото пронајдено во Вардар

123

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери.

Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.

Потрагата по неа траела со месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Испитувањето на случајот продолжува, а пронаоѓањето на Лидија во реката стави крај на долгата потрага.

ИЗДВОЕНИ