Трагични сцени по тајфунот Јаги во Виетнам: Се урна мост, возилата паднаа во реката/ВИДЕО

68
screenshot X

Обилните дождови продолжија да паѓаат во северниот дел на Виетнам по тајфунот Јаги што ја погоди земјата, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, поплави, големи материјални штети, прекини на електрична енергија и загинаа најмалку 59 луѓе и 299 се повредени, објавија државните медиуми.

Девет лица загинаа во тајфунот, кој го погоди Виетнам во саботата, пред да ослабне до тропска бура, а 50 други загинаа во поплавите и одроните што следеа. Нивото на неколку реки во северен Виетнам останува опасно високо.

Патнички автобус со 20 луѓе утрово беше однесен од поплава во планинската провинција Као Банг. Ангажирани биле спасувачите, но одроните го блокирале патот до местото каде што се случил инцидентот.

Сообраќаен мост над надојдената Црвена река во провинцијата Фу То се урна утрово. Неколку возила паднале во реката, а три лица биле спасени и пренесени во болница.

Во неделата, од лизгање на земјиштето загинаа шест лица, меѓу кои и едно бебе, а уште девет беа повредени во градот Са Па.

Тајфунот Јаги беше најсилниот тајфун што го погоди Виетнам во последните неколку децении, а во саботата ја опустоши земјата со ветрови до 149 километри на час. Во неделата ослабна до тропска бура, но метеоролошката агенција на земјата сепак предупреди дека континуираните врнежи може да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето.