Околу 18:25 часот на патот Меленци-Башаид во северна Србија се случи тешка сообраќајна несреќа. Загинаа три лица, брачна двојка од автомобил со новосадски регистарски таблички и едно лице од Зрењанин, пренесува „Телеграф“.
Во несреќата учествувале три автомобили и еден трактор. Два од автомобилите се запалиле и целосно изгореле. Тракторот е смачкан.
На местото на настанот пристигнале седум возила на брза помош. Повредени се четири лица. Две се тешко повредени, а две полесно.
Во тек е полициска истрага, пренесува српски Курир.