Во авионската несреќа на јужнокорејскиот аеродром Муан загинаа 179 лица, од 181, колку што имало во авионот, е конечниот биланс што го објави противпожарната служба. Авионот на Џеџу Ер се излизгал од пистата при слетување, удрил во ѕид и се запалил, јавуваат медиумите.
Преживеале само две лица, соопштија од Противпожарната служба на Јужне Џела.
Меѓу загинатите во авионската несреќа има 84 мажи и 85 жени, додека полот на уште 10 лица не е познат, соопштија властите.
Дваете преживеани лица се членови на екипажот, еден маж и една жена.
Несреќата на летот ЈЈА-2216, една од најтешките во историјата на Јужна Кореја, се случи денеска во 9.03 часот по локално време (2.03 по средноевропско време).
Авионот летал од Бангкок, Тајланд до Муан, Јужна Кореја и превезувал 175 патници, од кои двајца тајландски државјани и шест членови на екипажот.
Footage of the Airplane crash in South Korea. 181 people on board pic.twitter.com/h4LXd9cghx
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) December 29, 2024
Муан е на околу 290 километри јужно од главниот град Сеул.