Трагичен инцидент во Словенија: Мал авион се урна врз колиба – нема трага од пилотот

122
Фото:ПГД Камничка Бистрица

Мал авион, кој утрово полета од Загреб, падна врз колиба која се наоѓа на подрачјето на Голема планина во Словенија, пренесе Индекс.хр.

Леталото тип Муни Овејшн М20Р изгубило контакт со контролата на летање околу 9:30 часот, по што од висина од 2500 метри почнало да се спушта во спирала.

Спасувачите околу 12:30 часот пронашле делови од леталото кое удрило во колиба во сопственост на љубљанскиот Машински факултет. Подоцна попладнето пожарникарите објавија дека во колибата се наоѓа целото летало, што уште не е потврдено и од полицијата. Потрагата уште трае, а пилотот уште не е пронајден.

Пожарникарите од ПГД Камничка Бистрица објавија на Фејсбук дека леталото „ја преполовило“ колибаа, а една од нивните екипи во колибата го пронашла и тркалото на авионот. По прегледот на околината не се пронајдени никакви остатоци, па потрагата повторно е насочена на колибата. Се претпоставува дека целото летало е во колибата.

„Со помош на термо камера откривме и топол предмет за кој претпоставувавме дека е моторот на леталото. Откако полицијата ја презеде координацијата на случајот, бидејќи нашата помош повеќе не беше потребна, ПГД Камничка Бистрица се вратија во стожерот, а потоа ние, по разговор со водителот на интервенцијата, го напуштивме местото на интервенцијата“, напишаа на Фејсбук.

Полицијата не ја потврди информанција дека целото летало е пронајдено во колибата. „Досега се пронајдени уште неколку делови од леталото, но пилотот не е пронајден“, објави полицијата.

Временските услови на терен се неповолни, а поради оддалеченоста на теренот тешко е да се осигура соодветна опрема за сигурна работа“, додадоа од полицијата.

ИЗДВОЕНИ