Трагичен инцидент во Нигерија: Бројот на настраданите во експлозијата на танкер порасна на 86

30
Фото: EPA-EFE/AFOLABI SOTUNDE

Бројот на жртвите од експлозијата на цистерна со бензин во саботата во Нигерија се искачи на 86, а 55 се повредени и се на лекување, потврдија официјални лица во неделата.

Абдулахи Баба-Арах, генерален директор на Нигерската државна агенција за управување со вонредни состојби (НСЕМА), рече дека повеќето од жртвите биле закопани во масовна гробница.

„Потврдена е смрт на вкупно 86 лица, чии останки се пронајдени и закопани. Осумдесет од нив беа закопани во масовна гробница на теренот на Здравствениот дом „Дико“, а пет тела семејствата ги презедоа на погреб, едно почина во Здравствениот дом „Дико“, рече Баба-Арах.

Експлозијата се случила кога жителите се обиделе да соберат гориво што истечело од превртената цистерна, која се запалила, при што загинале оние кои биле на местото на настанот, вклучително и спасувачите.

ИЗДВОЕНИ