Трагичен инцидент во ски-центар во Грузија: Дванаесет лица се пронајдени мртви во своите соби

55

Телата на 11 странски државјани и еден Грузиец се пронајдени во спални соби на подот над ресторан во ски-центар во северна Грузија, соопшти полицијата.

Полицијата го истражува случајот, но се сомнева дека починале од труење со јаглерод моноксид.

Полицијата навела и дека прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство на телата, а се чини дека се работи за вработени во индиски ресторан.

Првичната истрага покажала дека генераторот за струја, кој се наоѓал во близина на спалните соби во кои спиеле 12 лица, бил вклучен порано, по прекинот на струјата.

Истражувачите се обидуваат да утврдат дали тоа би можело да биде причината за акумулацијата на јаглерод моноксид.

Од полицијата велат дека првичниот увид не укажува на какви било траги на насилство на телата и дека се чини дека станува збор за несреќен случај, пренесе агенцијата Асошиејтед пред.
Гудари е најголемиот и највисокиот ски-центар во поранешната советска држава.