Трагичен инцидент во Париз: Најмалку 13 лица се повредени при падот на металната конструкција на божиќната манифестација

128

Најмалку 13 лица се повредени кога се урна метална конструкција во форма на птица на божиќна манифестација во францускиот град Трувил во Нормандија, јавија денеска француските медиуми.

Стотици луѓе присуствуваа на вчерашната бадникова парада наречена „Небесна фантазија“ кога се случи несреќата, објави весникот Ouest France.

Металната конструкција паднала врз присутните и во таа прилика биле повредени 13 лица, од кои двајца потешко, додека останатите се здобиле со полесни повреди. На настанот присуствуваа многу родители со своите деца.

Меѓу повредените има и двегодишно девојче и нејзината мајка.

На местото на настанот интервенираа бројни служби за итна помош, полиција и пожарникари. Во акцијата за спасување учествуваа 46 пожарникари од неколку околни градови.

ИЗДВОЕНИ