Трикатна станбена зграда во Хаг денеска делумно се урна по експлозија и пожар, известија пожарникарите кои трагаат по можни жртви под урнатините.
Службите за итни случаи трагаат по луѓе и го гаснат пожарот“, соопштија од градската противпожарна служба.
Спасувачите се уште не знаат колку луѓе може да има под урнатините, ниту пак што ја предизвикало експлозијата во зградата која се наоѓа недалеку од центарот.
Vier gewonden na enorme explosie aan de #Tarwekamp in Mariahoeve – Den Haag. @omroepwest pic.twitter.com/jzuYiAFtPq
— Dennis van Schie (@DennisvanSchie) December 7, 2024
Локалниот медиум Regio15 објави дека неколку луѓе веќе се спасени, додека пожарникарите соопштија дека четири повредени лица се пренесени во болници.
Поради големиот облак од чад, граѓаните во околните згради беа повикани да ги затворат прозорците и вратите и да ја исклучат вентилацијата.
Градоначалникот Јан ван Занен дојде на местото на пожарот за да ги координира напорите за спасување, објавија локалните медиуми.
Се чини дека се уништени неколку ката од зградата.
Првата снимка што ја објави јавниот сервис НОС покажува како десетици пожарникари се борат со пожарот и ги кршат вратите за да влезат во зградата.