Трагедија во Струмица: Маж почина во сопствениот дом по задушување од пожар

58
Струмичанец на возраст од околу 60 години денеска напладне починал во сопствениот дом во пожар предизвикан од греалка.
Според Митко Димчев, инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), најверојатно и од првичните информации станува збор за несреќен случај, односно починатиот струмичанец најверојатно паднал врз вклучена греалка од која добил изгореници што предизвикала чадење во просторијата по што починатиот се задушил.

Од ТППЕ Струмица информираа дека во гаснењето на пожарот во запалена просторија од куќа интервенирале со четворица пожарникари и едно против пожарно возило.

„За жал, при интервенцијата внатре во просторијата, е пронајдено мртво лице чие тело беше зафатено од пламенот“, стои во информацијата од струмичките пожарникари.

Смртта на струмичанецот ја констатирал лекар, а покрај полицијата увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

ИЗДВОЕНИ