Трагедија во Скопје: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

1932

На улицата до катната гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје, спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), синоќа било пронајдено безживотното тело на 15-годишно момче кое најверојатно паднало од катната гаража.

На терен излегле полициски екипи кои извршиле увид за утврдување на деталите и причините за овој трагичен настан.

Од МВР засега не откриваат повеќе детали за трагедијата.