Трагедија во Северна Италија: Автобус се придвижил наназад, па паднал од мост во реката По – возачот починал веднаш /видео

89
Фото:принскрин Инстаграм

Во самиот центар на Торино, северна Италија, се случила тешка несреќа – туристички автобус паднал од мост во реката По. И покрај брзата рекација на службите за брза помош, на 64-годишниот возач на автобусот му немало спас и Брзата помош само можела да констатира смрт. За среќа, во моментот на несреќата во автобусот немало патници.

Трагичната несреќа се случила вчера околу 17 часот и 30 минути, во близина на мостот  Виторио Емануеле Први, која го поврзува центарот на Торино со другиот брег на реката.

Снимен е моментот во кој автобус со средна големина ја пробива заштитната ограда на мостот и се движи наназад, а потоа паѓа во реката. Автобусот застанал речиси исправено пред да падне во реката, пренесува агенција нова.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TorinoToday (@torinotoday)

ИЗДВОЕНИ