Трагедија во Рашка: Двајца малолетници, момче и девојка, се задушиле во автомобил поради труење со издувни гасови 

448

Две малолетни лица се задушиле во автомобил во Рашка поради труење со издувни гасови, потврдија за Танјуг од српското МВР.

Итната помош на Здравствениот дом во Рашка утрово во 2 часот и 50 минути презела две лица на возраст од 17 и 15 години, а во 3 часот и 15 минути констатирала смрт.

Вишото јавно обвинителство побара обдукција.

Како што претходно објавија медиумите, во автомобилот кој бил исклучен имало момче и девојка за кои се претпоставува дека биле во емотивна врска.

ИЗДВОЕНИ