Трагедија во мотоциклизмот: Загина седумгодишен јуниорски шампион

Тешка трагедија го потресе светот на спортот бидејќи беше објавено дека по голема борба почина младиот мотоциклист кој не се опорави од последиците од падот на тренингот.

143
Instagram reinoldveijer

Светот на мотоциклизмот го потресе веста за трагичната смрт на седумгодишниот Сид Вејер по пад за време на тренинг на мини мотоцикл. Вејер претрпе тешки повреди на главата во несреќа на затворена картинг патека на 22 декември и оттогаш беше опериран неколку пати во обид да му го спасат животот. За жал, седумгодишниот холандски мотоциклист, кој во октомври стана холандски јуниорски шампион во мини мотоцикли во класа А, им подлегна на повредите во неделата.

Сид беше братучед на Колин Вејер, кој во последните две години забележа две победи и вкупно 11 подиуми во категоријата Moto3, а оваа сезона се сели во Moto2, во кој ќе ги брани боите на Red Bull KTM Aji тимот.

„Сид, се бореше колку што можеше по се што се случи, но ова беше тешка и комплицирана битка што не можеше да ја добиеш. Многу сум горд што сум твој роднина и никогаш нема да ги заборавам прекрасните времиња што ги поминавме заедно, иако не сум многу дома. Никогаш нема да ги заборавам спомените и никогаш нема да те заборавам тебе како личност. Секогаш ќе бидеш во моите мисли. Ме мотивираше да се борам како што ти се бореше. Те сакам“, напиша Колин во својата проштална порака на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Collin Veijer (@collinveijerofficial)

ИЗДВОЕНИ