Трагедија во Чешка: Експлозија во ресторан однесе шест животи, 8 лица се повредени

51

Шест лица загинаа синоќа во експлозија и пожар во ресторан во чешкиот град Мост. Осум лица се повредени и пренесени во болница. Според првичните информации, причина за пожарот е експлозија на боца со пропан гас, која настанала по пад на греалка на гас.

Пожарникарите рекоа дека експлозијата најверојатно била предизвикана од превртена греалка која го предизвикала пожарот.

Шест лица загинаа во експлозија во Чешка, соопштија во неделата службите за итни случаи, пренесува Ројтерс.

„Цилиндарот со пропан-бутан експлодираше во ресторанот „Којот“ во Мост“, соопшти пожарникарската служба во објавата на платформата „Икс“.

ИЗДВОЕНИ