Трагедија во БиХ: Во тешка сообраќајна несреќа настрада брачна двојка со двете деца

248

Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во градот Радешине кај Коњиќ на главниот пат Мостар – Јабланица во Босна и Херцеговина.

Како што е потврдено за порталот Аваз, починатите биле брачна двојка, државјани на Република Турција, двајцата родени 1980 година.

Две од нивните деца починале во болница во Коњиќ, додека третото е пренесено во болница во Сараево.

Klix.ba пишува дека во несреќата учествувале автомобил и камион и дека дел од патот е затворен за секаков сообраќај.

ИЗДВОЕНИ