Две деца и една 50-годишна жена настрадаа денеска во стампедо пред пекарница во Деир-Ал-Балах, град во централниот дел на Појасот Газа додека Палестинците се туркале да добијат леб.
Испораките на храна во Газа се најниски од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, според официјалните израелски податоци.
Обединетите нации и претставниците на хуманитарната организација велат дека гладот и очајот се зголемуваат меѓу жителите на Газа, од кои речиси сите зависат од хуманитарна помош за да преживеат.
Лекар во болницата Ал Акса потврди дека жената и децата се задушиле во толпата пред пекарата Ал Бана во Деир ал Балах.
Палестинците низ Појасот Газа во голема мера зависат од пекарниците и и добротворните кујни, а многумина можат да се снајдат само со еден оброк дневно.Некои пекарници во Газа беа затворени минатата недела поради недостиг на брашно.
Повеќе од 44.000 луѓе се убиени, а повеќе од 104.000 се ранети од почетокот на речиси 14-месечната војна меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас во Газа.
Израелската армија уништи големи делови од Газа, а целото население од 2,3 милиони е раселено поради конфликтот.