Традиционално капење за простување на гревовите во Индија: Десет милиони веќе го направија ритуалот утрово, се очекуваат милиони други

27
Фото: EPA-EFE/PRABHAT KUMAR VERMA

Повеќе од 10 милиони побожни Индуси кои бараат прошка за своите гревови се капеа во светите води во северна Индија, соопштија властите, додека се подготвуваат за милиони други кои ќе се соберат на фестивалот Кумб Мела.

Властите го зголемија бројот на полицајци и ставија на готовс медицински хеликоптери во градот Прајаграж, во државата Утар Прадеш, на еден од најсветите денови на хинду фестивалот, кој се смета за најголем собир на луѓе во светот.

„Овој град има повеќе луѓе во еден ден отколку населението во многу земји, а бројот расте од минута во минута“, изјави за Ројтерс Прашант Кумар, началникот на државната полиција.

Се очекуваат повеќе.

Поради бројот на луѓе кои пристигнуваат, гужвите и доцнењата се неизбежни, додаде тој. Медиумите објавија дека возилата биле наредени на стотици километри од рабовите на градот.

Повеќе од 10 милиони луѓе се капеа до 8 часот наутро, соопштија властите, а се очекуваше и повеќе.

Полната месечина во среда, позната како Маг Порнима, го прави еден од најсветите денови на шестнеделниот фестивал, кој се одржува на сливот на три од најсветите реки во Индија.

Одржувањето на безбедноста може да се покаже како предизвик на фестивал и покрај строгите мерки на претпазливост.

Повеќе од 30 луѓе загинаа во стампедо на 29 јануари, соопштија официјални лица, додека повеќе од 76 милиони се собраа во реката за „кралско капење“, но тоа не одврати мноштво достоинственици, од претседателот на Индија до министри, филмски ѕвезди и богати.

Индусите веруваат дека скокањето во водите каде што се среќаваат Ганг, Јамуна и митскиот Сарасвати ќе ги ослободи од гревовите, но сметаат дека овогодинешниот настан е уште позначаен бидејќи има моќ да ги ослободи од циклусот на повторното раѓање.

ИЗДВОЕНИ