Црвениот крст на Град Скопје утре ќе ја организира традиционалната крводарителска акција во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески. Акцијата ќе се одржи во холот на Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сè од помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции се собрани над 5.500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител – соопштија од Црвениот крст на Град Скопје.