Традиционален маскенбал „Емшири 2025″ во Велгошти

14

По повод големиот верски празник Велики Поклади – ПРОЧКА, традиционално и оваа година во Велгошти, в недела, ќе се одржи маскенбал „Емшири 2025″.

Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште „Тодор Александров”. Организатор на маскенбалот е месната заедница на село Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид.

За сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци.

 

ИЗДВОЕНИ