Тошковски: Има приведени лица за трагедијата

930
Screenshot

Министерот за полиција Панче Тошковски информираше дека 51 лице починаа во големата трагедија што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, а над 100 се повредени и сњ на лекување во болниците во Кочани, Штип и Скопје.

Според првичните наоди на истрагата пожарот настанал како резултат на пиротехника која се употребувала за светлечки ефекти на сцената.

Пожарот почнал од кровната конструкција и брзо се ширел. Министерот кажа дека веќе има приведени лица, кои го организирале концертот а целиот врв на Јавното оббинителство и истражители се на терен да обезбедат докази.

Настанот се случил во импровизиран објект а таму и претходно се организирале настани со пиротехнички средства, прскалки.

Родителите си ги бараат децата на социјалните мрежи, во медиумите објавени списоци од хоспитализирани во „8 Септември“ и Клиничкиот центар во Скопје

ИЗДВОЕНИ