Тошковски: Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства кои ги донел бендот ДНК

2758

Пожарот во дискотеката во Кочани настанал од употребата на пиротехнички средства, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Вчера на 16.03 Македонија ја задеси ужасна трагедија во која загинаа 59 лица а повредени се 163. Пожарот настанал од употреба на пиротехнички средства, а во во објектот имало вкупно 500 лица, а биле продадени 250 карти, увидот го врши тим на обвинители, екипи на МВР и други надлежни институци“, изјави Тошковски.

“Од извршен разговор со член на групата на ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот. За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато“, рече министерот.

Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до ЈО, и потоа ќе достави барање до МВР, при што дополнително ќе се утврди дали истите можеле да користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во рамки на објектот, кој ги напомена јавниот обвинител“, изјави Тошковски.

Тошковски информираше дека 45 лица од повредените се во критична состојба, се транспортират во странство, а владата се труди да овозможи соодветно згрижување и лекување на истите. Огромна благодарност до сите НАТО пријатели кои се понудија да помогнат.

Во Полициски станици на подрачје на Скопје и на Тетово се приведени пет лица, се обавуваат службени разговори, меѓу кои и поранешен министер. Дадени се налози за претреси на два дома, при што се пронајдени оружје и муниција. По преземените мерки, утврдено е дека прравното лице нема лиценца за работа. Издавањето на лиценца е под надлежност на Министерство за економија, и правното лице нема издадено важечка лиценца, и сопственикот приложил фалсификат лиценца. Ќе се врши претрес во дом и патничко возило на сопственик на дискотека, и во книговодствено биро кај одговорното лице.

Приведени се 13 лица во ПС во СВР Штип, неформален сопственик на дискотека, продавач на влезници, лица од обезбедување, сопственик на објект на дискотека, три лица од ДПИ, едно лице од трудов инспекторат, и уште едно лице кое било поврзано со настанот. На 11 лица им е одреден 48-часовен притвор.

 

ИЗДВОЕНИ