Тошковски: Отказ за 15 високи полициски службеници поради незаконско издавање на дозволи за оружје

47

Донесени се 15 решенија за отказ оти селективно и нерегуларно се делеле дозволи за оружје. Донесени се 15 решенија за отказ на високо-позиционирани лица во МВР, поради нерегуларности при издавање на дозволи за поседување оружје.

Ова го соопшти утринава министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според него тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го ускратувале на лица кои исполнувале услови.

Тошковски најави дека во иднина издавањето на дозволи за поседување на оружје ќе биде поедноставен, а најголем дел ќе биде и електронски.Оние кои аплицирале за дозвола ќе мора да го сторат тоа повторно

ИЗДВОЕНИ