Тошковски: „Нема наши и ваши само одговорни и неодговорни“

48

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција истакна дека МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан.

Како што вели, поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица.

„Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ“, вели Тошковски.

Тошковски истакна дека полицијата во соработка со Обвинителството ќе го истражат секој детал поврзан со трагедијата во Кочани, а секој што директно или индиректно е поврзан со настанот ќе биде повикан на одговорност. Како што додаде тој, поделби на наши и ваши нема туку постојат само одговорни и неодговорни.

„Сакам да ја уверам јавноста дека секој еден детал поврзан со кривично правниот настан, должност е на Јавното обвинителство во соработка со МВР да го утврди и соодветно да го процесуира. Тоа и ќе го сториме…Но, мораме да почитуваме процес на правда и мораме темелно и постепено да ја работиме истрагата“, рече Тошковски.

Тој додава дека оваа трагедија повикала на целосна мобилизација на сите институции.

ИЗДВОЕНИ