Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба

87

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок.

Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.

МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.

Опозициската СДСМ денеска обелодени дека на 20 април на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фатила возило со преголема брзина кое било управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба и дека полициските службеници не го казниле по наредба на началник во МВР.

Тошкoвски повтори дека веќе кажал дека нема толеранција за никој кој и да е а скандалот се случува со утрешната интерпелација која му ја поднесоа од Левица а ја подржа СДСМ дека работи селективно особено со расчистување на вината за трагедијата во Кочани за која уапси 60 лица кој се поранешни но не и актуелните кои тој ги поставил.

ИЗДВОЕНИ