Топлото време ги откажа церемониите за Богојавление на Русите

149
EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Илјадници Руси кои го слават рускиот православен празник Богојавление, кога верниците се капат во ледена вода на замрзнатите езера и реки, мораа да ги откажат традиционалните церемонии поради невообичаено високите температури.

Низ цела Русија, верниците и смелите го слават Богојавление на 19 јануари со нуркање во ледената вода низ дупките направени во мразот на езерата и реките, имитирајќи го крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.

Многумина велат дека ги зајакнува умот и телото, иако спасувачите се при рака во случај некој да биде погоден од шок од потопување во ледена вода. Но, невообичаено топлото време ги принуди локалните служби за итни случаи во некои региони да го откажат настанот, оценувајќи дека мразот е премногу тенок за верниците безбедно да одат по него пред да влезат во дупките за капење.

EPA/ANATOLY MALTSEV

Откажани се церемониите во зафрлените области на јужната руска област Саратов и Карелија, која е на речиси 1.600 километри од границата со Финска.

Во рускиот град Анапа, официјални лица изјавија дека ритуалот ќе се одржи во Црното Море и покрај тоа што илјадници тони нафта се излеаа во блискиот Керчен теснец на 15-ти декември, кога два танкери потонаа поради лошите временски услови.

Температурите низ Русија се зголемуваат во последните 25 години поради глобалното затоплување, изјави метеорологот Леонид Старков, кој работи за Гисметео во Москва.

„Голем дел од Русија ќе биде топол за прославата на Водици. Просечната температура е значително над нормалата. „Веќе гледаме како се топи мразот во Санкт Петербург, Москва и јужна Русија каде температурите веќе достигнаа пет или десет степени Целзиусови“, рече тој.

Старков рече дека Русите ќе мора да се прилагодат на необични временски услови и сезонски невообичаени температури, и потопли и постудени од очекуваното.

ИЗДВОЕНИ