Топлинските бранови лани убиле повеќе од 47.000 луѓе низ Европа

25

Климатските промени во комбинација со се постарото население и се поголемата урбанизација во цела Европа значат дека бројни ранливи луѓе ќе бидат изложени на високи температури. Тоа особено се однесува на Јужна и Средна Европа. Тие гупи ќе бидат дополнително изложени бидејќи голем број училишта и болници се наоѓаат во подрачја во кои се појавува ефект на урбан топлински остров.

 

Повеќе од 47.690 луѓе починале како резултат на високите температури во Европа во текот на 2023 година, која барем засега се смета на најжешка година откако постојат мерења на температурата, се наведува во студија објавена во научното списание Natural Medicine.

Истражувачкиот тим користел податоци на Евростат за 96 милиони смртни случаи во 823 региони од 35 европски земји, за да процени колку од нив биле поврзани со горештините во 2023 година. Од нив 47.690 се издвоени како предизвикани од високите температури. Ова е втора највисока стапка на смртност од почетокот на ваквите мерења во 2015 година, а највисоката е забележана во 2022 година.

Истражувачите откриле дека земјите во јужна Европа имаат највисока стапка на смртност поврзана со горештините. На милион жители во Грција се регистрирани 393 смртни случаи, во Бугарија 229, во Италија 209, а во Шпанија 175. Тоа се четирите земји со најмногу жртви од  горештините, додека во Германија од топлото време починале 76 лица на милион жители.

Но, лани екстремините температури во Италија однеле околу 12.750 животи, а во Германија 6.376. Во речиси сите испитувани земји, бројот на починати жени бил поголем, а особено биле погодени постарите луѓе.

Топлинските бранови, сушите, шумските пожари и поплавите се дел од климата која се менува и се повеќе влијае на нашето здравје и добробит. Минатата зима беше исклучително топла, а минатото лето во големј број делови од Европа се соборени топлински рекорди. Во многу региони имаше долги и интензивни топлински бранови со темперсатури над 40 Целзиусови степени.

Кога се во прашање климатските предизвици, топлинските бранови се најголема директна закана за здравјето на европските жители. Ситуацијата ќе се влоши ако не се преземат доволно мерки за прилагодување кон климатските промени и нивно ублажување.

Спроед една студија на Европската агенција за животна средина – ЕЕА климатските промени најмниогу влијаат на постарите лица, децата, граѓаните со ниски приходи и на лицата се здравствени проблеми или инвалидитет. Студијата укажува на тоа дека распределбата на тие закани за средината и нивното влијание на нашето здравје точно ги одразуваат разликите во висината на приходите, стапките на невработеност и степенот на образование.

Климатските промени во комбинација со се постарото население и се поголемата урбанизација во цела Европа значат дека бројни ранливи луѓе ќе бидат изложени на високи температури. Тоа особено се однесува на Јужна и Средна Европа. Тие гупи ќе бидат дополнително изложени бидејќи голем број училишта и болници се наоѓаат во подрачја во кои се појавува ефект на урбан топлински остров.

Високите температури можат да предизвикаат топлински стрес, што го зголемува ризикот од смрт поради топлинска исцрпеност и топлински удар. Тоа доведува до други индиректни влијанија на здравјето, вклучувајќи и полошо ментално здравје. Општо се проценува дека во последните четири десетлетија топлинските бранови се причина за околу  90 проценти од смртните случаи предизвикани од екстремните временски и климатски случувања во Европа.

ЕЕА наведува дека ризиците од топлинските бранови врз здравјето ќе се зголемат ако не се преземат дополнителни мерки за прилагодување кон климатските промени и нивно ублажување. Во извештајот на ЕЕА се наведува и дека за заштта на луѓето може да помогне воспостваување систем на предупредување, зголемување на информираноста, екологизација на градовите, подобро проектирање на зградите, прилагодување на работното време… Но, овие мерки ретко се корисни за сите подеднакво. Тие мора да бидат наменети пред се за најранливите групи, кои не смеат да бидат запоставени. На пример, треба да се додадат зелени површини на подрачјата каде што се најпотребни.