Топлификација е решение за аерозагадувањето во сите градови, не само во Скопје

54

Редовниот професор на Машинскиот факултет, д-р Ристо Цицонков, вели ако се планира да се градат гасни когенеративни централи (истовремено произведуваат електрична енергија и топлина), треба да се започне веднаш.

– Работниот век на тие централи е до 25 години, а по 2050 година природниот гас ќе биде исфрлен од употреба бидејќи припаѓа во групата на фосилни горива кои се главни причинители на климатските промени. Бидејќи за изградба на една гасна когенеративна централа се потребни околу 4 години, можеме уште сега да кажеме дека новите централи што треба да се изградат нема да работат до крајот на предвидениот работен век од 25 години, а тоа е извесна економска загуба – констатира Цицонков

 

Неодамна Владата соопшти дека големиот проблем со аерозагадувањето во градовите ќе го решава со изградба на гасни когенеративни централи и соодветни системи за топлификација. На прв поглед едноставно решение лесно изводливо, но искусен енергетичар кој има и современи сознанија има поинакво мислење и пристап.

Редовниот професор на Машинскиот факултет, д-р Ристо Цицонков, вели ако се планира да се градат гасни когенеративни централи (истовремено произведуваат електрична енергија и топлина), треба да се започне веднаш.

– Работниот век на тие централи е до 25 години, а по 2050 година природниот гас ќе биде исфрлен од употреба бидејќи припаѓа во групата на фосилни горива кои се главни причинители на климатските промени. Бидејќи за изградба на една гасна когенеративна централа се потребни околу 4 години, можеме уште сега да кажеме дека новите централи што треба да се изградат нема да работат до крајот на предвидениот работен век од 25 години, а тоа е извесна економска загуба – констатира Цицонков.

Според него, со планирана изградба на гасни когенеративни централи се отвораат повеќе отворени прашања на кои Владата и експертите треба да дадат одговори.

Една од дилемите на Цицонков е дали во зимскиот период во градовите каде има големо аерозагадување се планира изградба на такви гасни централи и дали ќе има “доволен“ број граѓани што ќе прифатат приклучување на новиот систем за градска топлификација? Тој прашува како ќе се справуваа државата со аерозагадувањето во градовите каде нема да се изградат гасни централи и дали ќе има субвенционирање на граѓаните за да се приклучат на топлификација?

Според него, концептот за решавање на проблемот на аерозагадување со воведување на системи за топлификација на градовите е многу комплексно прашање и смета дека е потребен поинаков приод отколку просто воведување на гасни когенеративни централи.

Топлификација или градски централен систем за греење има само во градот Скопје. Цицонков посочува дека градската топлификациона мрежа во Скопје е стара.

– Првата цевководна мрежа од градската топлификација на Скопје е изградена околу 1965 година, а веднаш потоа е проширена речиси во целиот град. Мрежата се состои од челични цевки покриени со топлинска изолација од стаклена или минерална волна, на крај завиткани со алуминиумски лим или тер-хартија, а сето тоа се води во бетонски канали. Значи се работи за челични цевки стари 50 до 60 години подложни на корозија, а со тоа и губење на топла вода од системот. Не можев да дојдам до информација колку топла вода се губи од системот, дали се работи за загуби од 1%, 5% или повеќе. До пред неколку години во летните периоди гледав прекопување на делови од тротоари и улици во Скопје при што стари цевки од топловодната цевководна мрежа беа заменувани со нови со што старата мрежа делумно се подновуваше. Но последниве неколку години не гледам такви зафати – вели Цицонков и нагласува дека голем проблем е редуцираниот стручен технички кадар потребен за одржување и иден развој на системот.

Во Скопје, на системот за топлификација се приклучени околу 60.000 корисници, претежно домаќинства, а другите се комерцијални и јавни објекти. Познато е дека околу 35 проценти од бројот на станови во градот Скопје не се користат и нема податоци колку од тие „празни“ станови се активно вклучени во работа во системот (греење во празно).

Во 2022 година ЕСМ склучи договор за закуп на топланите и доби лиценца да стопанисува со градскиот систем за топлификација преку своите три придружни компании: ЕСМ-Производство на топлина, ЕСМ-Снабдување со топлина и ЕСМ- Дистрибуција на топлина. Покрај сопственото производство во своите топлани, ЕСМ-Топлина во системот користи и топлинска енергија произведена од ТЕ-ТО АД која е приватна (независна) компанија, но заради заеднички интерес, двете страни имаат договор за соработка.

(С.Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ