Тешки сезони, згуснат распоред, жестоки натпревари и многу малку време за одмор се ракометното секојдневие на врвните играчи. Повредите се дел од приказната, односите играч – селектор, формата, промената на генерациите, тактичките замисли… Сите овие елементи влијаат на тоа да има бројни ѕвезди што, од разни причини, не се дел од најголемите настани.
Светското првенство 2025 изобилува со отсуства. Прво мораме да се споменат ракометарите, кои сезонава ја завршија кариерата, комплетно или само за репрезентацијата. Прв пат ќе се играат големи настани без: Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Никлас Ландин, Џуан Кањељас, Хорхе Македа, Хендрик Пекелер, Винсен Жерар, Енди Шмит, Валентин Порт, Штефан Вајнхолд.
Тоа се играчи што веќе го одиграа своето на големите репрезентативни настани, тоа се 20-темина топ играчи што нема да играат на шампионатот во Хрватска, Данска и во Норвешка, кој почнува денеска.
ТОП 20-МИНА ИГРАЧИ ШТО ГО ПРОПУШТААТ СП: Тимоти Н’Гесан, Никола Билик, Косуке Јасухира, Пабло Симонет, Диего Симонет, Јахија Елдера, Игор Карачиќ, Оскар Бергендал, Омар Инги Магнусон, Харалд Рајнкинд, Феликс Клар, Уго Деска, Матеј Клима, Хасан Кадах, Матеј Мандиќ, Родриго Коралес, Рожерио Мораеш, Јанис Лене, Мануел Зендер, Јаник Колбахер.