Тоне уште еден руски танкер/ВИДЕО

153
Foto: Screenshot/X

Друг руски танкер „Волгонефт 109“, кој бил закотвен во пристаништето Кавказ, испратил сигнал за помош поради оштетување.

Иако бродот изгледа загрозен, портпаролот на „Росморечфлот“, федералната поморска агенција, објави дека не е загрозена водонепропустливоста на трупот на бродот и дека нема излевање нафта во морето, па судбината на танкерот сѐ уште не е позната.

Танкерот превезувал мазут, кога била забележана штетата. Во него имало 14 членови на екипажот кои биле евакуирани.

Службата за медиумска соработка на Министерството за вонредни ситуации на Русија во Краснодарската област соопшти дека инцидентот со Волгонефт 109 не бил критичен, но предизвикал загриженост поради сериозните несреќи кои претходно ги погодија други танкери, пренесува Москва тајмс.

ИЗДВОЕНИ