Македонската кошаркарска федерација (КФМ) од среда дефинитивно ќе добие нов претседател на местото на Перо Антиќ, кому му изгласаа недоверба на Годишното собрание и за чија смена се потпишаа речиси сите клубови.

Иако се споменуваше дека на чело на КФМ ќе застане Младен Ѓуроски, сепак  нема да биде тој, туку познатиот бизнисмен Томица Главчев. Станува збор за успешен бизнисмен, кој своевремено беше творец на одличната Блокотехна, клуб што повеќе не постои, а има меѓународен трофеј во БИБЛ-лигата, освоен во 2019 година. Главчев и во минатото беше дел од управните одбори на КФМ, а беше дел и од последниот на Антиќ.

Собранието за смена на Антиќ и за избор на Главчев за нов претседател ќе се одржи на 30 април (среда), во „Борис Трајковски“.

ИЗДВОЕНИ