Том Круз на стотици луѓе им праќа ист празничен подарок

31

Том Круз, еден од најпознатите актери во светот, има уникатна празнична традиција која ја обожаваат неговите пријатели и соработници. Секој Божиќ, Круз на стотици луѓе им го испраќа истиот подарок – бела чоколадна торта од кокос.

Тортата, која стана синоним за празничните честитки на актерот, доаѓа од познатата пекара Доан во Вудленд Хилс, Калифорнија. Покриена со бела чоколадна глазура и посипана со сечкан кокос, оваа торта ја сакаат дури и оние кои вообичаено не се љубители на слатки.

ТикТокерот Дејна Шварц, чиј сопруг Иан со години работи со Круз, сподели како изгледа легендарната торта.

“Секоја година Том Круз на стотици луѓе им праќа ист празничен подарок. Мојот сопруг е на таа листа, а тортата е толку добра што најмногу поради тоа се омажив за Иан”, се пошегува таа.

Меѓу среќните добитници на овој подарок е и актерката Коби Смалдерс, позната по улогата на Робин во „How I Met Your Mother“. Појавувајќи се на Џими Фалон во 2022 година, таа откри: „Тортата е неверојатно вкусна. Не сум по слатките, но оваа е посебна. Ја чувам во фрижидер и уживам со месеци“.

Џими Фалон, кој исто така ја добива оваа торта, откри дека на шега ја нарекува „тортата на Том Круз“. Кирстен Данст, Хенри Кавил и Џејмс Корден се само дел од познатите имиња кои секоја година се дел од листата на Круз.

Актерот ја објасни причината за овој необичен подарок.

“Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзи и подготовки за филмови. Затоа тортата им ја испраќам на сите други – тие ја јадат наместо мене”, се пошегува актерот.

ИЗДВОЕНИ