EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Легендарниот американски НФЛ-играч, Том Брејди, стана малцински сопственик на Лас Вегас рајдерс. Брејди, кој е седумкратен победник на Супербол, доби одобрение од сопствениците на тимовите на НФЛ да стане малцински сопственик на Лас Вегас.

  • Сакам да придонесам за организацијата на кој било начин, почитувајќи ја богатата традиција на Рајдерс и наоѓајќи ја секоја можна ситуација да ја подобриме нашата понуда за навивачите – напиша Брејди на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на мнозинскиот сопственик на Рајдерс, Марк Дејвис.