
Британските медиуми немаат дилема дека крилниот напаѓач, Џек Грилиш, ќе биде првиот фудбалер кој ќе ги напушти редовите на актуелниот шампион, Манчестер Сити, на крајот од актуелната сезона. Репрезентативецот на Англија веќе подолг период нема статус на стандарден првотимец и затоа ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. И покрај интересот од Саудиска Арабија, Грилиш нејверојатно ќе остане во Премиер лигата.