
По дванаесет години, на крајот од јануари, Неимар реши да се врати во родната земја Бразил и да заигра за клубот во кој порасна.
Во текот на тие дванаесет години, тој имаше долг период во Европа со Барселона и ПСЖ, а потоа беше во Ал-Хилал пред да се врати во Сантос.
Бразилецот добро го започна својот камбек, но следеа неколку повреди, нешто што го следи Неимар во текот на неговата кариера.
Поради ова, тој досега одигра само девет натпревари, а на тие девет натпревари постигна три гола и додаде три асистенции.
Пред неколку дена неговиот Сантос имаше натпревар против Баија, а Неимар се појави во соблекувалната во костим на суперхеројот Бетмен.
Искусниот напаѓач им одржа говор на соиграчите пред почетокот на мечот, па според бразилските медиуми тој „испари“ и после тоа повеќе не беше виден на натпреварот.
Натпреварот заврши 2:2, а навивачите на бразилскиот клуб веќе почнуваат да се разочаруваат од Неимар и неговиот пристап кон фудбалот.
Не е тајна дека фудбалот понекогаш изгледа како сосема споредна работа во животот на Бразилецот, бидејќи тој е познат по тоа што ужива во луксузниот живот.
Откако беа објавени фотографиите од него во костимот на Бетмен, на социјалните мрежи почнаа да се редат коментари.
„Овој лик ќе направи се освен она за што е платен – да игра фудбал“, „Барем да останеше и да го гледаше натпреварот од трибините, ако не може да игра“ се само дел од коментарите.