Македонската ракометна репрезентација загуби на последниот тест пред стартот на Светското првенство, против кодомаќинот на шампионатот, селекција на Хрватска со 27:25. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, пружија солиден отпор, долго време беа рамноправни и многу неизвесен натпревар претрпеа пораз.
„Задоволен сум од натпреварот, тоа што го сакавме го видовме во Вараждин, во еден меч кој се одигра во убава атмосфера. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме доста добри со добар противник. Имаме уште две подготвителни средби до Светското првенство и мислам дека ќе влеземе спремни на шампионатот“, изјави Лазаров.
Најефикасен играч на средбата беше Звонимир Срна со шест погодоци, додека во македонскиот тим по четири пати реализираа Жарко Пешевски и Ненад Костески.