Песков: „Де факто постои воен сојуз меѓу САД и Јапонија – тоа секогаш беше камен на сопнување“

57
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека „де факто“ воениот сојуз меѓу Јапонија и САД веќе постои и дека нема ништо ново во тие планови.

„Нема пресврти или новини, постои де факто одбранбен сојуз и знаеме за воениот потенцијал на САД што постои на јапонска територија, толку блиску до нашите граници. Тоа секогаш беше камен на сопнување“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.

Јапонија, САД, Австралија и Филипините вчера ги спроведоа првите заеднички поморски вежби во Јужното Кинеско Море во ексклузивната економска зона на Филипините.

Вчера се одржа и трилатерален самит на САД, Јапонија и Филипините, посветен на подобра координација за прашањето за Јужното Кинеско Море.

Американскиот претседател Џо Бајден на 11 април во Вашингтон ќе ги пречека јапонскиот премиер Фуми Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, со кои ќе разговара за економските односи во индо-пацифичкиот регион.