„Тоа му го кажав на тренерот, не е важно дали играм многу или малку…“

29
epa11891892 Joao Felix of AC Milan (L) in action against Anis Hadj Moussa of Feyenoord during the UEFA Champions League playoff first leg soccer match between Feyenoord and AC Milan, in Rotterdam, the Netherlands, 12 February 2025. EPA-EFE/OLAF KRAAK

По турбулентен период во кариерата, Жоао Феликс пристигна во Милан на позајмица до крајот на сезоната. За време на првата официјална прес-конференција крилниот напаѓач откри дека му кажал на тренерот Серхио Консеисао дека очекува да игра на неговата природна позиција доколку го облече дресот на „росонерите“.

Ова е условот што португалскиот тренер беше подготвен да го исполни, а португалскиот репрезентативец одлучи да се приклучи на тимот од „Сан Сиро“.

Феликс, кој има 25-години, беше свесен дека Интер исто така сака да го донесе во Серија А, но му кажал на својот агент дека би било „невозможно“ да им се приклучи на „нероаѕурите“ бидејќи тој веќе започнал преговори со нивните градски ривали.

Португалската ѕвезда постигна гол на своето деби за да му помогне на својот тим да обезбеди победа (3:1) над Рома во четврт-финалето од Купот на Италија.

„Имавме две победи. Имав можност да играм на Сан Сиро и да постигнам гол за Милан. Знаев за големината на овој клуб, Милан е огромен. Однадвор можете да видите дека е многу голем клуб, а кога сте внатре, сфаќате дека сте во еден од најголемите клубови во Европа“, изјави Феликс.

Потоа позајмениот фудбалер од редовите на Челзи проговори за тренерот Консеисао, неговиот сонародник, за кого имал само едно барање.

„Веќе го познавав тренерот, играв против него и го следев. Му кажав што очекувам, а тоа е да ја играм мојата улога. Никогаш не ми кажа дали ќе играм многу или малку, ми кажа да ја играм мојата улога. Тоа ме убеди да дојдам во Милан. Засега сум на позајмица до јуни. Да видиме како ќе биде. Во моментов навистина уживам во се: клубот, луѓето, објектите. Бев добро примен. Најважно е да бидам таму каде што се чувствувам добро, а тука се чувствувам добро. Во фудбалот работите можат да се променат, но доколку постои можност да останам во Милан, би го сакал тоа. Веднаш ми се допадна атмосферата на Сан Сиро. Ваква средина доживеав во Бенфика и Атлетико (М), но морам да кажам дека атмосферата овде беше поинаква. Не очекував таков пречек, навистина можеше да се почувствува наклонетоста на навивачите. Беше неверојатна атмосфера и се надевам дека вака ќе продолжи“, додаде Жоао Феликс.

ИЗДВОЕНИ