„Тоа е како ветување пред свадба“: Професорот Биљали за ветувањето на Трамп дека ќе ја оконча војната меѓу Русија и Украина

31

Нема човек кој не го слушна ветувањето на Трамп дека проблемот меѓу Украина и Русија ќе го реши за 24 часа. Тоа е како ветување пред свадба, рече Мерсел Биљали, универзитетски професор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Реално, ситуацијата е многу покомплицирана. Делови од Донбас, Доњецк, Луганск, Херсон, Запорожје се веќе анектирани како некакви републики во постоечката Руска федерација. Враќање назад на тоа е надвор од секој здрав разум. Да не зборуваме за Крим за кој и Европа и светот молчеа кога беше окупиран од Русија. Имаме ситуација која е тешко решлива, дури и со голема политичка волја и на Трамп и на Путин. Настрана што Путин цело време калкулира и знае цело време колку може да го чини ако прави големи отстапки, бидејќи околу 500.000 луѓе се убиени, големи уривања на градови, итн.“, вели Биљали.

ИЗДВОЕНИ